12/12/2017

ХАХАХА: Општеството е труло зашто хероите се вештачки, напумпани и нереални

Постирано на 30/12/2011 од во Интервју

Кога пред три години ги гледав на нивната последна свирка во преполниот Retox (и тој клуб постоеше, нели), FxPxOx веќе беа во длабока сенка на Bernays Propaganda. Немав и немам проблем со тоа, бендовите се појавуваат и исчезнуваат, сè додека приказната продолжува да тече во веродостојно, формата и не е толку важна, а сепак, знаев […]

Threesome: Сонуваме за море во Белград

Постирано на 11/11/2011 од во Интервју

Групи што се пријавуваат за учество на “Битки на бендовите” се тапа, нели? Да, тоа не е кул, го поништува космичкото мачење и жртвување низ кое што мора да минат сите, ама баш, сите уметници. На крај, учеството на натпреварувачки фестивали не е хипстерски. Нормално, како и секој вид генерализирање, така и ова е бесмислено […]

The Ex – Ослободени од музичките догми

Постирано на 20/10/2011 од во Интервју

Труби и панк не идат заедно, нели? Чекај, идат, инаку немаше да постои ска и ту тоун. Добро, тогаш, етно и панк нема теорија да бидат смешани? Грешка, The Ex успешно го прави тоа со децении. Гледате како (не)умешно илустрирав дека ставањето музика во херметички стилски кутивчиња е излишно. Ако слепо се држеа за спротивното, […]

Dubioza Kolektiv: Додека не смогнеме сила, ќе живееме во бара

Постирано на 01/06/2011 од во Интервју

весно држејќи се до себе, неоптоварувајќи се со фактот дека не создаваат тренди, инди-музика, Dubioza Kolektiv уште од почетокот си остави простор за многу луѓе да ги отфрлуваат и напаѓаат, ама денес, осум години по основањето, босанскиот бенд сè уште докажува – дека ич не им чуе. Нивниот филм си е нивен, без разлика дали […]

Fighting Windmills: Црното и белото денес како воопшто да не постојат

Постирано на 26/01/2011 од во Интервју, Музика

Фото: Татјана Ранташа Скопската петорка Fighting Windmills в петок (28.01.2011) некаде по полноќ во клубот “Капан Ан” во Стара Чаршија ќе го промовира вториот студиски албум “Најсмешниот виц на светот” што неодамна излезе за PMG Recordings. Бендот поддршка ќе добие од Beda Express, кои ќе свират први, и од Мирко Попов, кој ќе има диџеј-сет […]

HARDFACED: Упорноста се исплати

Постирано на 18/01/2011 од во Интервју, Музика

Фото: Стевчо Наумоски Хардкор-групи со силни метал-влијанија, како Madball, Hatebreed и слични на нив, поради имиџот, однесувањето, ама и дел од ставовите, често добиваат етикети оти се, условно кажано, силеџии. Единствен бенд од Македонија што – музички – е најблизок до оваа категорија, е Hardfaced од Охрид, кои в сабота (22.01.2011) во скопскиот клуб Havana […]

ОД ВРАТОТ НАДОЛУ: Денес слушамe Morrissey, утре рокамe Brutal Truth, сè е тоа твистиген

Постирано на 17/01/2011 од во Интервју, Музика

Фото: Татјана Ранташа Живата е единствениот метал што е течен на стандардна температура. Токму од таа причина, скопското тапан-и-бас-дуо, “Од вратот надолу”, деби-албумот го наслови “Жива”. Бендот, в петок (21 јануари 2011), со поддршка од “Потоп”, ќе го промовира со концерт во Младинскиот културен центар. “Аналогијата ти е точна. Тешко, течно, Метал! Хипертермија”, потврдува Горан, басистот, […]

Верка: “Mоторни песни” e албум-чекан

Постирано на 21/12/2010 од во Интервју, Музика

Освен за добри журки, денсинг салата во Младинскиот културен центар во Скопје најчесто е заслужна за уништување на првиот впечаток што одреден бенд сака да го остави кај публиката. Пред девет години, на тогашниот “Лузер фест”, барем во мои очи и уши, “Верка” ја имаше таа несреќна судбина. Јасно беше дека бендот има нешто посебно […]

Љубојна: Во музиката не постои модерно и немодерно

Постирано на 20/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: Татјана Ранташа Луѓето си наоѓаат мал милион, свои, лични, начини за дефинирање на посебноста на одредена музичка група или изведувач, но веројатно повеќето би се согласиле дека еден од најочигледните е леснотијата. Леснотијата во смисла дека напишаното и потоа отсвиреното, без фанфари си го наоѓа патот до слушателот. Леснотијата во смисла дека иако на […]

Jаболко за даскалот: Лејди Гага е шампион и прав другар

Постирано на 14/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: Мишо Ристов Јаболко и даскал, вообичаено, не прават ниту име, а уште помалку бенд, но кога тоа ќе решат да го направат тројца опасни генгста-момци од скопското подземје, чиј талент за музика е рамен со талентот на AK-47 за расчистување со уличната конкуренција, никој не смее да писне. Во тој случај, “Јаболко за даскалот” […]

Handsome Furs се пронаоѓа во балканската жилавост

Постирано на 06/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: Liam Maloney Моите впечатоци за Балканот се широки, но кажано најостроумно, чувствувам сродство со голем дел од уметниците и музичарите оттаму што во последно време објавуваат дела. Гледам луѓе што, како и јас, се жилави во животот, вели Алексеј Пери, клавијатуристка во Handsome Furs, групата што вечерва ќе настапи во МКЦ во Скопје За […]

White Lies ги опева секојдневните ритуали

Постирано на 04/12/2010 од во Интервју, Музика

Фото: www.universalmusic.rs Ритуалите се важни, сите ги имаат, секој се преокупира со нешто што му помага да го мине денот. Таа разонода на луѓето ме интригира, ме тера да се запрашам каков е нејзиниот придонес во поголемата слика на животот, вели Чарлс Кејв, басист на бендот што вечерва ќе настапи на фестивалот „Таксират 12“ Сите […]