23/08/2017

Zero Dark Thirty: Лов во матно

Постирано на 30/01/2013 од во Филм

Исламскиот тероризам, разбирливо, по нападите на Њујорк и на Вашингтон во 2001 година, нагло скокна во врвот на листата со холивудски негативци. На ова поле, пионерски беше подвигот на 24, телевизиската серија чие дејствие се одмотуваше во “реално деноноќие”, а сè контролираше Џек Бауер, федерален агент со научно-фантастични способности и невозможен праг на издржливост. Шоуто, […]

Django Unchained: Разуздана кинематографија

Постирано на 25/01/2013 од во Филм

Откако реши да ја замени кариерата на видеотекар со таа на филмаџија, еден термин е асоцијација за Квентин Тарантино – контроверзен. Оваа класификација му лежи сосема приридно, таа е најлогична доколку се погледнат сите негови дела од дебито “Касапски пци” до денес, а сепак, ако застанете и размислите за секунда, тешко е да се избере […]

Skyfall: Воскреснување до небо

Постирано на 04/12/2012 од во Филм

Според сите критериуми, Џејмс Бонд е истрошен, исцеден, застарен филмски лик. На Студената Војна, тој напнат и затскриен, а јавно на сите познат, конфликт меѓу двата светски политичко-економски блока, денешните генерации гледаат како на здодевна лекција од историските читанки. Црвената (СССР) и сината (САД) одамна не се бои кои ги отсликуваат закоравените идеолошки противници. Корпорациите […]

Rock of Ages: Мјузикл со поминат рок на траење

Постирано на 29/11/2012 од во Филм

Фасцинацијата со поп-културата, особено со меинстрим музиката, од 80-тите години никогаш не ми била блиска. Датумот на раѓање, или поточно, периодот што се смета за клучен за обликување на мојот карактер, секако дека за тоа е највиновен. Настрана тоа што тинејџерството си го идентификувам со 90-тите, и ретроспективно консумирана, осмата деценија од 20-иот век не […]

“Трето полувреме”: Победа на пенали

Постирано на 16/10/2012 од во Филм

Ако ме прашаат какви филмови сакам да гледам, а во моментов тоа никој не го прави бидејќи не сум школуван критичар – што, нели, е пресудно – ќе одговорам: какви било, само да не се “Меланхолија”. Јасно де, не баш буквално сè што е снимено, меѓутоа, во споредба со делото на Ларс Фон Трир, и […]

The Expendables 2: Екстра акција на потрошна роба

Постирано на 29/08/2012 од во Филм

Ерата на ВХС-револуцијата во Македонија, што овозможи поголем дел од гаражите, подрумите и шупите експресно да се претворат во видеотеки, го донесе Западот во домовите со сите негови доблести и слабости. За маалски клинци како мене, растени во прав, кал и песок, тоа значеше неограничен полн пансион на чие мени најважно беше да има еден […]

Трејлер камп: Skyfall, Cloud Atlas, Man of Steel

Постирано на 08/08/2012 од во Трејлер камп, Филм

Овонеделниот избор на тазе трејлери е составен од две потенцијални големи враќања на големото платно и уште едно продолжение во приказната за најславниот таен агент во светот. Во напливот од суперхеројски филмови недостасува најголемото име – Супермен – а таа грешка следната година ќе се обидат да ја поправат режисерот Зек Снајдер и продуцентот Кристофер Нолан. […]

The Dark Knight Rises: Кога гневот зоврива

Постирано на 03/08/2012 од во Филм

Ако не читате стрипови, поточно, доколку не знаете како функционира овој засебен и уникатен креативен свет, мора за едно да бидете свесни: во него можете навистина, ама навистина, да се загубите. Таму нема универзум, туку мултиверзум. Ограничувањата зависат повеќе од перцепцијата на читателите, отколку од фантазијата на пишувачите и цртачите. Суперхероите се раѓаат, гинат, воскреснуваат, […]

The Amazing Spider-Man: Заплеткан во позната мрежа

Постирано на 01/08/2012 од во Филм

Со оглед на незаситната нужда за рециклирање, обработување и препакување на стари остварувања, приказната за потеклото на суперхероите делува како да е измислена од Холивуд. Не е. Виновници за постоењето на оваа основа за раскажување се луѓето од светот на цртаните стории, каде што навраќањето кон корените на јунаците е одамна прифатено и нашироко практикувано. […]

Трејлер камп: Dredd, Total Recall, Looper

Постирано на 12/07/2012 од во Трејлер камп, Филм

Откако мама и тато ме навлекоа на кино, немам поим, можеби со “Нинџа и 13 кондора” во сега заборавеното “Кисела Вода”, им се радувам на трејлерите. Тогаш не се викаа така, туку беа “журнал”. Од која причина, помалку е важно, изгледа поради чувството на сигурност оти по филмот што сум го гледал ќе има следен, […]

Prometheus: Ридлиевиот Франкенштајн

Постирано на 11/06/2012 од во Филм

Соочени со судбината секогаш да немаат доволно или да имаат малку, логично е што луѓето од нашиве заразно харизматични простори толку големо значење ѝ даваат на онаа старата: Не ги пуштај нозете подолго од чергата. Многумина овие зборови брзо ги отпишуваат како современо нерелевантен Марко-Цепенков-фолклор. Доволно е едно прелетување со очи над сегашноста и во […]

The Avengers: Стрип-филм во блес(к)ава боја

Постирано на 19/05/2012 од во Филм

На почеток, ќе го изметам подот од една можна, а потенцијално клучна, нејаснотија – мамутските американски стрип-издавачи ги редам според следнава важност: Vertigo, DC Comics, Marvel. Првите ги сакам недвосмислено најмногу поради уживањето во улогата на одпадници во меинстримот на оваа култура. Вторите ми прават мерак со храброста пред масовната публика да носат книги како […]