23/08/2017

Captain America: The Winter Soldier – Војник и во добро и во зло

Постирано на 11/04/2014 од во Филм

Паралелно со сè останато, моментно е модерно да се мрази Америка. И пожелно. Не е во прашање недопаѓање или одбивност туку зовриено „хејтање“. До одреден степен и во извесни случаи, кои не се така ретки, ова има логика. Иако, нели, прашање е каде е рационалноста во носење таква пизма за цела држава, згора на тоа […]

Anchorman 2: Легендата нагло (де)ескалира

Постирано на 19/03/2014 од во Филм

Мизерната, понижувачка, состојба во која што македонските медиуми се киднапирани и претворени во памфлети навредливи за интелигенцијата им е позната на сите што сè уште ја сакаат, ја воздигнуваат и неизмерно ја ценат општествената моќ на слободата. Останатите цареви на релативизирањето не се заинтересирани за вакви теми кои не ги пипкаат со прсти и не […]

The Hunger Games: Catching Fire – Потрага по внатрешниот пламен

Постирано на 06/12/2013 од во Филм

Безмалку е општоприфатено дека тајната, 11-та Божја заповед, која Темпларите вешто ја шифрирале (верувајте, знам, Том Хенкс ми кажа), гласи: Не се осудувај да менуваш ниту точка или запирка кога филмуваш книга. Дури и да не се верници – во ѕидари или во уживатели на осветени џипови – многумина цврсто го прифаќаат ова слово симнато […]

Rush: Мртва трка за животот

Постирано на 04/11/2013 од во Филм

Гран-при од „Формула 1“, целосно, од старт до финиш, не се сеќавам кога последен пат имам изгледано. Ако случајно налетам на каналот што врши пренос, ги оставам болидите да зујат како муви во спурна летна квечерина. Разликата е што не мафтам нервозно со рацете за да ги избркам туку им препуштам да бучат во заднина […]

Gravity: Волјата e сила на човечката тежа

Постирано на 17/10/2013 од во Филм

Ругањето на Холивуд отсекогаш ми била активност лесно предвидлива како и крајот на голем број од мегахитовите што се снимаат во јадрото на светската киноиндустрија. По некоја чудна случајност, луѓе кои гласно посочуваат оти не смее да се генерализира по раса, пол, етникум, сексуална ориентација или економски капацитет, најчесто се први во публиката што навива […]

Слобода и затвор во „Соба со пијано“

Постирано на 27/09/2013 од во Филм

Како вообичаено го замислувате затворот? Мене, на пример, за овој збор ми се врзани две искуства. Првото, понаивно и восхитувачко, го доживеав како клинец. Растејќи во голема земја со мали републики неодвоени од ситни нешта како граници возбудата се манифестира во гледање филм за бегство од Алкатраз, остров од чии водни бедеми наводно никој жив […]

The Wolverine: Поема за самурајот со канџи

Постирано на 09/08/2013 од во Филм

Суперхероите, со префиксот накалемен на и онака очигледната величина што ја носи јуначката улога, по дефиниција се врзани за грандиозност. Почнувајќи од коренот, чија што семка е вообичаено засадена во чудачката, изгнаничка, природа на носечкиот лик и завршувајќи со мотивите, целите и поттикот, овие планетарно популарни карактери се испреплетени со возвишеноста. Содржана вообичаено во сè […]

Pacific Rim: Бурна пресметка во Тихиот Океан

Постирано на 17/07/2013 од во Филм

На која возраст престанавте да се радувате на забавни паркови? Се сеќавате ли во кој миг се одвикнавте да се релаксирате со друштвени или со видеоигри (не, тука не спаѓа FarmVille)? Ви текнува ли кога за последен пат верувавте дека постојат џиновски чудовишта кои се кријат на дното на морињата и на океаните? Во вртелешка […]

Man of Steel: Прероден Супермен од р’ѓосан челик

Постирано на 24/06/2013 од во Филм

Стриповите никогаш не биле меинстрим. Филмовите, пак, снимени врз основа на тие илустрирани приказни денес суверено владеат со главниот, глобален, културен тек. Заклучувајќи оти милијардa и кусур луѓе кои во животот не купиле исшарана книга, сепак, можат да се довлечкаат во кино и да гледаат екранизирани верзии на јунаците облечени во спандекс, Холивуд вложи доминантен […]

Star Trek Into Darkness: (Носталгична) акција за следната генерација

Постирано на 29/05/2013 од во Филм

Мачно е денес да се биде обожавател. Искрен, информиран и пресудно, искусен. Ова последново е галовно, за луѓе на извесна возраст да не се почувствуваат повредени. Со истиот термин, и покрај шеговитоста, сепак, се опфаќа и нечие познавање, начитаност и подготвеност на одредена тема што одамна е впишана во каноникот на популарната култура. Поради страста […]

Iron Man 3: Издигнувањето на Железниот човек

Постирано на 23/05/2013 од во Филм

Тони Старк, лик кој во светот на суперхероите е познат како Ајронмен, ги поседува сите квалитети потребни за да го мразите како човек. Особено денес, неколку години откако банкарските шпекуланти нагло ја тргнаа економската черга на која што светот живееше во изобилие како да е Шехерезада (раскажувачката во бајката, не турската серија). Всушност, немаше потреба […]

Searching for Sugar Man: Потрага по човечкиот дух

Постирано на 07/03/2013 од во Филм

Денешните речници можат комотно да преживеат без зборот „изненадување“, особено ако на негово место се стави најсоодветната замена – „сèзнаење“. Не во буквална смисла, туку како (прет)чувство. Благодарение на текот на информации што се шири како и космосот, некако потајно развивме осет дека ништо не може да нè извади од колосек – и позитивно и […]