23/08/2017

Постеризам: Doe Eyed

Постирано на 22/07/2013 од во Арт, Постеризам

Меинстрим медиумите и популарната култура никогаш не си осигурале место во срцето на дизајнерот Ерик Најфелер, тој дури и нема ниту основно трпение за овие два сеприсутни општествени сегменти, но признава дека тие се неразделиви од неговата уметност. Бендови и артисти како Mogwai, Andrew Bird, Phish, The Black Keys, The Roots, Tortoise и многу други […]

Постеризам: Емек

Постирано на 02/11/2012 од во Арт, Постеризам

Да се дефинираш или да дозволиш да те наречат “Постер-уметник за интелектуалци” е смело и до одреден степен, егоистично, но во случајот со Емек, целосно базирано во реалноста, а не во неодржлива фантазија. Роден во Израел во 1970 година, како дете бил принуден да работи во рудник за плутониум, но по добивањето арт-стипендија, тој решил […]

Muse – The 2nd Law [Warner, 2012]

Постирано на 05/10/2012 од во Албуми, Арт, Музика

Во интердимензионалниот свет на музичкиот претеризам, Muse денес веројатно е тело со најсилна гравитација. Таа влече милиони фанови кон бендот и куп контрадикторни стилови кон членовите додека ги создаваат албумите. Објективно, треба да ги одбива. Гледано со студени, кристално разумски, очи, никогаш нема да има доволна причина за пржење летна манџа со масло за подмачкување. […]

Постеризам: Рич Кели

Постирано на 05/10/2012 од во Арт, Постеризам

За потребите на текстов, без разлика колку е краток, би било фино да знам барем дел од биографијата на Рич Кели, ама од друга страна, тоа и нема премногу врска, нели? И онака рубрикава ја додадов за да се вчудоневидувам од непрекинато фасцинантната конекција меѓу цртањето, сликањето, уметноста, со поп-културата и поконкретно, со музиката, со […]

Постеризам: Кен Тејлор

Постирано на 27/08/2012 од во Арт, Постеризам

Австралискиот илустратор и дизајнер Кен Тејлор почнал да ги демонстрира своите арт-таленти на локалната музичка сцена во Перт, а од 2001 година работи во Мелбурн. Во родната земја се наметна со изработка впечатливи рок-постери за помали независни состави. Откако во 2006 година стартува да работи целосно самостојно, Тејлор за кусо време успеа да создаде име […]

Постеризам: John Dyer Baizley

Постирано на 15/08/2012 од во Арт, Постеризам

Долго пред светот да го запознае како основач, гитарист, вокалист и еден од главните автори на Baroness, Џон Даер Бејзли се истакна со својот цртачки стил и оргинален дизајн на постери, кавери, маички и принтови на артисти од метал и хардкор-сцените, но и пошироко. Овој сликар, кој е под силно влијание на чешкиот уметник Алфонс […]

Постеризам: Angryblue

Постирано на 27/07/2012 од во Арт, Постеризам

Џастин Кејмерер, попознат под прекарот Angryblue, е илустратор од Луивил, Кентаки. Tој креира принтови, основач е и е еден од сопствениците на печатницата Crackhead Press и слика постери, обвивки и маички за еден куп бендови со екстремно широки меѓусебни разлики во начинот на израз. За себе вели дека отсекогаш црта и појаснува оти како и […]

Постеризам: Арон Хорки

Постирано на 11/07/2012 од во Арт, Постеризам

Арон Хорки е енигматичен дизајнер, илустратор и уметник со екстремно дефиниран и детализиран стил. Неговото портфолио е пример за разновидност. Во својата досегашна кариера, за која, како и за таа на Рајан Купер, информациите на интернет се оскудни, Хорки цртал за хардкор предизвикувачите на модрици, Converge, за инди-фолк-принцот Andrew Bird, за императорот на оваа сцена […]

Постеризам: Rhys Cooper

Постирано на 02/07/2012 од во Арт, Постеризам

Популарната култура, особено рокенролот, во сите негови форми – нежни, груби, тивки, бучни, страстни и безопасни – е нераздвојна од постерот. Фантастични дизајни од оваа уметничка форма има и уште пред да биде откриен модемот, но со помош на интернетот, барем за мене, се отвори вратата за поредовно следење кој, за кого и какви постери […]