12/12/2017

Skopje Jazz Fest 2012: Задолжителни пет концерти

Постирано на 19/10/2012 од во Настани

Да расчистиме од старт, “Скопски џез-фестивал” или која било од две-трите слични манифестации во Македонија на кои се собираат низа еминентни изведувачи од еден или повеќе жанрови, се гледа цела, од почеток до крај. Од секундата кога ќе одлучиш да си правиш сендвичи дома, наместо да се арчиш по седмици и вилија за да купиш […]

Трибјут-концерт за Чак Шулдинер во МКЦ

Постирано на 14/12/2011 од во Настани

Трибјут-групи, генерално, не сакам. Не оти ме потсетуваат на вечните скопски тезгари, со кои што расчистив по “Мјузик гарден” и “Лејди блу”, не зашто 99 проценти од тие музичари не создале ништо авторско и не бидејќи се, просто кажано, д-о-с-а-д-н-и.  Не обичам трибјут-бендови затоа што ме потсетуваат на фактот дека тие со сигурност ќе соберат […]

Gorgoroth, Vader и Adimiron во МКЦ

Постирано на 30/11/2011 од во Настани

Не памтам точно од кога, ама сигурен сум дека Скопје одамна е на принудна диета кога се во прашање концерти на поголеми метал-имиња, без разлика дали тие се од помеинстрим или од поандерграунд страната на оваа сцена. Овој пост ќе прекине во 19.30 часот во вторник (6 декември), кога во Младинскиот културен центар ќе гостуваат […]

The Skopje Connection со нов албум во Домот на АРМ

Постирано на 19/11/2011 од во Настани

Георги Шарески, Џијан Емин и Лука Аквино, заедно со Ернст Рејсегер, вечерва од 21 часот во скопскиот Дом на АРМ ќе го промовираат албумот The Skopje Connection meets Ernst Reijseger. Првите тројца го сочинуваат бендот “Скопје конекшн”, додека четвртиот е холандски виолончелист кој гостува на нивното второ авторско цеде. Се работи за материјал снимен во […]

AK 47, ХаХаХа и Shock Troopers во La Kaña

Постирано на 16/11/2011 од во Настани

Не би било претерано далеку од вистината ако помислите дека, кај неупатените, насловот на текстов ќе предизвика уплашена, загрижена фаца. Опасна работа се калашников, смеење од петица и некакви си трупи. Згора на тоа, се споменува и шок. Страшна реченица, нема што, ама не заради поимите што залутаните ќе ги збркаат, туку поради бендовската постава […]

Пет супер свирки на Cinedays

Постирано на 11/11/2011 од во Настани

Откако Скопскиот филмски фестивал се претвори во смејурија што ниту насмевка не може да изнуди, во македонскиот главен град се отвори кратер кога се во прашање овој тип културни собири. За редовно одење во кино можеби нема интерес, но салите се секогаш полни за време на вакви манифестации. Не зачудува, уствари, извонредно е што Cinedays […]

Hardfaced, Redound, Deadrise и Mindless Violence во Havana

Постирано на 09/11/2011 од во Настани

Есенските музички свечености во главниот град на Македонија продолжуваат и оваа сабота, кога во петтата хала на Скопскиот саем, првпат по 30 години, претседателот на Српската партија на пијаниците, Бора, од голем казан ќе дели порции чорба од риба. Регуларна ќе може да се купи за 300, а супер ВИП, чии додатоци готвачот ги чува […]