22/10/2017

Search results

Culture Development – Еднаш свет изградив… [Дип / Кран, 2015]

Posted on 07/04/2016 by in Албуми, Музика

Врските, човечките, не фејсбуковските, се особено замрсен факт во животот. Тие не се собираат, одземаат, делат или множат како бројките и буквите во алгоритамот на Марк Закерберг. Равенките и командите што се смислуваат под негов надзор веројатно ќе се усовршуваат до негдоглед за да предвидат што сакаме во „тајмлајнот“ уште пред сами да го посакаме, […]

Culture Development – You, Me and Nobody Else [Направи заедно, 2013]

Posted on 04/12/2013 by in Албуми, Музика

Фразата „на долг рок“ официјално постои во македонскиот јазик. Пополнува редови во лексикони. Се појавува во речници каде што е преведена нејзината странска форма. А сепак, речиси и да нема основа во нашата реалност. Политичарите знаат понекогаш да ја излигават низ поганите усти во форма на ветување од кое ќе се чувствувате стоплени како во […]

Culture Development – The 3 of Us [Направи заедно, 2012]

Posted on 28/09/2012 by in Албуми, Музика

Домашни телевизии не гледам, освен кога сум приморан од нив да се информирам, а и во тоа, во пренесувањето основни вести, во девет од десет случаи доживуваат дебакл. Како да се работи за известување од самит за евалуација на резултатите собрани од хадронскиот колајдер во Церн, а не за чекорите што треба да ги преземеш […]

Топ 10 МК албуми во 2013

Posted on 30/12/2013 by in Статија

Домашната, непанаѓурска, антиестрадна, самостојна музичка сцена лани бруеше. Тоа се преслика во над 40 авторски студиски збирки креирани, снимени и издадени далеку од турбоизираниот меинстрим којшто – бидејќи се изнаплака како мало дете – доби и силна, налик на родителска, буџетска поддршка. Не, ова не е научна-фантастика, во морето од субвенции и за нив беше […]

Солидарност за бадијала

Posted on 29/07/2013 by in Колумни

Претенциозно е да кажам отсекогаш, но одамна верувам дека одењето на концерти или најконкретно, купувањето билети за нив, е влог. Пред сè, личен, а потоа и општествен. Особено во мали, затворени, средини како нашава, каде што спрегата на заостанатоста е најкорисен алат за злоупотреба и манипулација од моќниците, посетувањето свирки е инвестиција во градење и […]

Bernays Propaganda во МКЦ: Концерт на доверба и страст

Posted on 02/03/2013 by in Концерт, Музика

Ниту се првиот, ниту се последниот бенд што бината ја ставил во срцето на подиумот, но со тој потег, Bernays Propaganda синоќа во Младинскиот културен центар нагласи две работи што сè повеќе им се потребни на земјава, на светот и на музиката – доверба и страст. Сместувајќи се во просторот што природно ѝ припаѓа на […]

Топ 10 МК албуми во 2012

Posted on 31/12/2012 by in Статија

Бројот на објавени изданија во музиката е беспредметна статистика за која што никој сериозно не би требало да се возбудува бидејќи еден добар албум од сеќавањето може да збрише полн камион лоши. Годинава, сепак, фактот дека во Македонија се појавија над 40 збирки со авторски, неестраден, звук и згора на тоа, во најголем дел современ, […]

По еден албум за секој панаѓур

Posted on 26/09/2012 by in Колумни

Фестивали за сите годишни времиња. Споменици. Јади за секакви потреби (пример: пивтијада). Пак споменици. Панаѓури за сечиј (празен) џеб. Споменици, повторно. И така во линија – што интуитивно претчувствуваме оти нема крај – лесно се протегаат културните случувања во нашево самопрогласено јадро на универзумот. Збиени во врзоп, со буџет на претек и рекламирани со елан […]