21/08/2017

Постеризам: Арон Хорки

Постирано на 11/07/2012 од во Арт, Постеризам

Арон Хорки е енигматичен дизајнер, илустратор и уметник со екстремно дефиниран и детализиран стил. Неговото портфолио е пример за разновидност. Во својата досегашна кариера, за која, како и за таа на Рајан Купер, информациите на интернет се оскудни, Хорки цртал за хардкор предизвикувачите на модрици, Converge, за инди-фолк-принцот Andrew Bird, за императорот на оваа сцена изминативе години, Bon Iver, за пост-метал-експерименталците, Boris, но и за филмови од типот на епската фантазија The Lord of the Rings (најтазе), современиот вестерн True Grit и за психо-хорор-фантастиката Pan’s Labyrinth. Секој од овие бендови, изведувачи и колекции од подвижни слики создава карактеристичен свет, ама Хорки сите успева да ги пренесе во исто толку типично неговиот, одреден, универзум. Скролајте надолу (трпеливо, многу се и големи се) за избор од делата на овој исклучителен креативец.

Bon Iver

Aggaloch 

Flight of the Conchords 

Arcade Fire 

Baroness (со Џон Бејзли) 

Boris 

Converge 

Andrew Bird 

Dawnbringer 

Mogwai 

Genghis Tron 

Isis

Grails 

Red Sparowes 

The Decemberists (со Емек) 

True Grit 

Pan’s Labyrinth 

The Lord of the Ring: The Return of the King

Тагови: , , ,

2 Responses to “Постеризам: Арон Хорки”

  1. Жарко Каранфилов 11 јули 2012 at 10:25 #

    Сум уживал во уметноста на John Dyer Baizley милиони пати, ама и овде пак го чекам :)

    • Александар Саздовски 11 јули 2012 at 10:27 #

      Че бидит, не се секирај :-)


Напиши одговор

Ве молам пополнете ги потребните полиња инаку нема да можете да коментирате. Користете пристојни зборови. Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.

Gravatar е поддржан.

Можете да ги користите следниве HTML кодови: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>