Undone: Indeed е мистично искуство

Екстремно слободното музичко изразување често фасцинира, а не толку ретко како што би сакал, знае и да нервира. Не ги бива сите бендови за тоа. Самиот принцип на оваа форма е да нема форма, но на сите ни е јасно дека не оди баш така. Некаква, не е битно колку минимална, нишка на насочување, визија и на посакувано дејствување мора да постои, за крајниот резултат да не биде бесмислен. Членовите на проектот Undone на ланското издание If We Are Here покажаа дека знаат како да импровизираат со конкретна идеја, а слична способност, но со помала постава, се слуша и на следбеникот, Indeed. Овој материјал го снимија Дориан Јовановиќ, Филип Митров и Ронит Бергман, со која поразговарав пред официјалната презентација на дискот.

Во Менада утревечер ќе го промовирате вториот студиски албум, Indeed, овој пат под името Undone Project. Што се промени во групата по ланската објава на  If We Are Here?
– На многу начини, Indeed е продолжение на патешествието започнато со If We are Here. Во некој поглед, ова е уште еден фото-албум, нов ден, следниот по If We Are Here.

Заедно со претставувањето на последното цеде, ќе ја презентираш и новата книга со поезија, Honey Lasso. Како е ова дело поврзано со вториот диск на Undone?
– Поемите беа дел од “храната” или “квасецот” што го понесовме со нас на патот до заедничкото откривање на овој албум. Некои песни се од Hair of My Heart, а некои од Honey Lasso, што е нејзино продолжение.

Отвореноста е во срцевината на Undone. Како што велите и самите, работите со колку што е можно пофлексибилно срце. Што отскокна најмногу во текот на тридневната сесија во текот на која што го снимивте Indeed?
– На таа еластичност може добро да ѝ дојде одржување, вежбање. Тоа отворање е процес што тече како река. Колку што човек повеќе се отвора, повеќе може да увиди колку по правило сме затворени. Една личност никогаш не е доволно отворена, таа може да помогне на други со тоа што ќе биде што е можно поотворена. Заедничкото создавање со помош на отвореноста може да биде прекрасно иако понекогаш и заплеткано искуство. Тешко е да се отвориш без верба. Да се биде ОТВОРЕН значи толку многу нешта…

Дориан и Филип сега се дел од Undone Project додека ти си единствениот линк со If We Are Here. Какви динамика развивте едни со други?
– Дориан и Филип, исто така, беа дел од If We Are Here as well. Филип работеше на видематеријали со Undone, а Дориан го миксаше и мастерираше албумот и свиреше на уд на промоцијата на мојата претходна книга. Тоа што работевме заедно ја засили желбата да продолжиме. На Indeed, единственото нешто што го испланиравме беше да се потсетиме меѓусебе да не планираме. Желбата да се обидеме да направиме нешто заедно тоа ни го овозможи. Undone е отворен проект што ги засега луѓето кои што се во него вклучени. Ние тројцата ќе соработуваме и со други, исто така, пријатели кои беа дел од If We Are Here на летна турнеја и на идни проекти.

Сите сте биле или сè уште сте членови на бендови кои работат традиционално. Како би ги споредила нивните покрути принципи со отворениот пристап на Undone?
– Се работи за тековна, динамична, поврзаност. Луѓето имаат различни потреби за нивните различни страни. Indeed е мистично и (на многу начини голо) искуство што го споделивме и документиравме. Што ќе се случи со него сè уште е нејасно. Во врска со другите проекти во кои што сме вклучени. Тоа е како пробувањето нешто ново. Сè уште станува збор за храна, но можеби не нешто што го јадеш или го подготвуваш секој ден на ист начин. Не значи дека е повкусно, само е различно.

Две од 11 нови песни се на еврејски, две на македонски, а остатокот се отпеани на англиски. Бидејќи си поетеса, колкава е тежината на јазикот во уметноста што ја создаваш?
– Зборовите се музика. Јазиците се различни бои, звуци, различни инструменти.

Сите сте искусни, ако можам да кажам и музичари-ветерани и уметници со долги креативни портфолија. Како тоа помага во форумулирањето на специфичниот пристап кон музиката на Undone?
– Можеби колку човек е поискусен, повеќе има шанса да заклучи дека, всушност, не е доволно искусен. Интересно и брилијантно е да се најде ова заедништво додека се бараш себеси во музиката. Тоа е желба да научиш и да се откриеш во музиката на нови начини, а тоа е причина за заедничка работа.

Едед од описите на вашите теми вели дека тие се поврзани со визуелна приказна со вселенски тон. Каква е улогата на сликите во концептот на Undone?
– Поемите многупати се основаат на визии и на сонови, некогаш поживописни или, пак, поапстрактни во искуството или во поезијата. Понекогаш, поемата е симбол и сите не ја гледаат или доживуваат на ист начин. Кога работиме, многупати на нумерите им приоѓаме како што можеби сликар ѝ приоѓа на слика. Темата, формата, боите, како и атмосферата и расположението секогаш се збирка од компоненти што го прават или го изразуваат “парчето” уметност. Овој пристап создава нишка што сè поврзува.

Импровизацијата е клучна во музиката на Undone, но овој тип на изразување во извесни случаи знае да изгуби насока и да стане бесмислен. Како го избегнувате ова?
– Преку слушање (многу, заедно и сами) на тоа што е снимени, зборување за тоа, со препознавање на нештата што ни се допаѓаат и нивно развивање во рамки на самата импровизација. И потоа, во текот на постпродукцијата, го избегнуваме со тоа што не се плашиме да кастриме од материјалот. Ние прво свиревме пред било какви снимање. Кога ќе ни се допаднеше нешто, се јавуваше момент на “ајде да снимаме”. Потоа се префрливме на слушање неколку недели, сами и заедно, и на избирање на омилена верзија од секоја песна. Следуваше нова импровизација, додавање инструменти и гласови во некои делчиња. Скелетот на сите нумери беше документиран за време на првата импровизација, а во дел од композициите навистина малку беше додадено. Во други нешто повеќе, но не претерано, сè со цел да избегнеме манипулација и со намера да го зачуваме суровото и природното.

Доаѓаш од Израел, каде што имаш и живеено, веќе некое време си во Македонија, но одредено време престојуваше и во Лондон. Какво влијание ова скокање од место во место има врз Undone?
– Секако преку трите јазици чиј дел сум и преку благодарноста и препознавањето на Македонија како дом на моето семејство. И можеби преку желбата или потребата да продолжам со движењето, можеби еден ден да танцувам низ животот, да не се плашам почесто да ги пуштам нештата и да не се грижам за иднината.

Слични написи

Остави коментар