22/10/2017

AK 47, ХаХаХа и Shock Troopers во La Kaña

Постирано на 16/11/2011 од во Настани

Не би било претерано далеку од вистината ако помислите дека, кај неупатените, насловот на текстов ќе предизвика уплашена, загрижена фаца. Опасна работа се калашников, смеење од петица и некакви си трупи. Згора на тоа, се споменува и шок. Страшна реченица, нема што, ама не заради поимите што залутаните ќе ги збркаат, туку поради бендовската постава на утрешната свирка во La Kaña.

Сите што полнеле кутии со касети од бендови опскурни за Скопје во 90-тите години, барем слушнале, ако не знаеле подетално кој е Фистра, неговата дистрибуција и бендот Verbalni Delikt. Нешто подоцна, кога TDK веќе на големо произведуваше дискови, тој беше активен со AK-47, што прерасна во Ljubiša Samardžić. Да, ова погоре е група, не познатиот глумец во партизански филмови и полицаец од Петлово брдо. Скопје в четврток (17.11.2011), по подолга пауза, ќе може пак да ги чуе AK-47. Како што вели организаторот, “Направи заедно”, оваа група се враќа на сцената “со полна силна и со повеќе искуство презентирајќи ја својата страна во борбата против репресивниот државен апарат”. Многумина тоа го претпоставуваа, но сега имаме и потврда – апсењето на половина ХДЗ не е случајност.

Освен овој бенд од Загреб, на бината во Старата Чаршија ќе се качат и XAXAXA. Триото на Васко, Џано и Ненад ќе се претстави со концертна селекција составена исклучиво од нови песни. Свирката, чиј почеток е закажан за 21 часот, ќе ја отвори скопско-кочанската екипа Shock Troopers. Жестоките краст-грајндери ќе презентираат што снимиле за сплит-плочата со Unison. Значи, да сумираме – три љути бенда, вкупно 12 музичари, 200 денари влезница и прошетка до Чаршија. Таман ко за четврток.

Тагови: , ,

Напиши одговор

Ве молам пополнете ги потребните полиња инаку нема да можете да коментирате. Користете пристојни зборови. Вашата e-mail адреса нема да биде објавена.

Gravatar е поддржан.

Можете да ги користите следниве HTML кодови: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>